Попуст на здравствено осигурување за бременост од Кроација осигурување

Попуст на здравствено осигурување за бременост од Кроација осигурување

Објавена во: После „Школо“ // PR

Кроација осигурување на сите идни мајки им го честита Меѓународниот ден на жената, 8ми Март со посебно создадената понуда за безгрижно и спокојно поминување на бременоста. Со секоја полиса за здравствено осигурување CroCare купена на 8ми Март или секој ден до крајот на месецот, што опфаќа Договор лојалност за бременост, се добива 10% попуст на премијата за основниот избран пакет. Ова се однесува на целиот период од времетраење на договорот.

Кроација осигурување ја има најраспространета мрежа на приватни здравствени установи, долгогодишно искуство и знаење во осигурителниот бизнис, со што на идните мајки им овозможува сигурност и лесна достапност до потребната здравствена услуга.

Осигурувањето на бременост од Кроација осигурување може да се склучи во кој било период од бременоста, а полисата опфаќа покритие за трошоци за сите медицински индицирани прегледи во текот на бременост, за трошоци за спонтано породување и трошоци за породување со царски рез.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: