Поради еден фустан не можела да диши: Бела Хадид откри во кое издание за црвениот килим ѝ се темнело пред очи (ФОТО)

Поради еден фустан не можела да диши: Бела Хадид откри во кое издание за црвениот килим ѝ се темнело пред очи (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Изгледаше многу убаво, но всушност многу се мачела...

Познатите личности понекогаш претеруваат во желбата да изгледаат што подобро. Ким Кардашијан и нејзините екстремни диети се најдобар пример за тоа. Сега, и Бела Хадид сподели приказна од црвениот килим.

Таа знае како да го украде вниманието на црвените килими, секогаш се издвојува по нешто посебно. Без разлика дали е елегантна или е облечена во некоја чудна комбинација. Во едно неодамнешно интервју кое го даде за магазинот „Interview Magazine“ раскажа дека на еден црвен килим имала прилично неудобна ситуација. Ѝ се слошиле до степен да ѝ се темни пред очи и да не може да диши.

Секако, тоа би можело да биде поради паничен напад, за кои Бела не крие дека понекогаш ѝ се случуваат. Сепак, како некој што веќе ги прошетал повеќето црвени килими, другата опција која ја истакна како причина за ваквата ситуацијата и што е поверодостојна е фустанот кој го носела, поточно корсет.

На овогодинешната Мет Гала носеше црн фустан кој го зачини со многу тесен корсет. Иако на фотографиите изгледа одлично, таа всушност се мачела цело време. Истакна дека на килимот биле и други познати личности, кои се фотографирале и давале интервјуа по 20 минути, а дека таа морала да побегне за само 3 минути. Не е сигурна што е тоа што и се случило, но веројатно неколку фактори одиграле улога, од кои еден е корсетот.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: