Поради една фотографија настана тренд: Сите сакаат да имаат совршена контура како Бела Хадид
Бела со една фотографија започна тренд, а за тоа не е ни свесна...
Контурирањето влегува во една од оние техники на шминкање што не секој може да ја направи совршено. Сите има поинаков облик на лицето, па затоа е тешко да ги следиме туторијалите, а покрај тоа, контурата треба да се нанесува правилно за лицето да не ни изгледа валкано. Но, на ТикТок се појави еден тренд каде многу девојки ја рекреираат контурата на Бела Хадид која е беспрекорно совршена. Дали тренд е тајната на добрата контура?
Една девојка на ТикТок сними видео во кое стави фотографии од Бела Хадид на кои е очигледно дека Бела има совршено изработена контура на вилицата. На фотката се гледа дека контурата совршено се совпаѓа со цртите на нејзиното лице, но и дека очигледно користела хајлајтер на места каде што вообичаено не се користи.
Токму поради тоа оваа девојка одлучила да ја рекреира нејзината контура на начин што прво ставила хајлајтер веднаш над линијата што и ја обликува вилицата и делумно успеала. Го направила и вториот дел каде повторно ја рекреира нејзината контура, но во другиот дел одлучила и малку да ја истакне линијата на вилицата, па затоа хајлајтер имаше нанесено над неа - можеме да кажеме дека од вториот обид навистина и успеала рекреацијата на контурата на Бела Хадид.
@rachelocoolmua #greenscreen GUYS HELP ME #highlight #jawline #bellahadid #makeuptutorial Lovefool - Best Love Songs
@rachelocoolmua Reply to @littlemeanjellybean THANK U GUYS FOR THE HELP WE DID IT!! #jawhighlight #highlight #contour #makeuptutorial #makeuptrend Lovefool - Best Love Songs
Со оглед на тоа што нејзиниот прв обид беше исклучително успешен, но и поради тоа што доби повеќе од 300.000 лајкови на видоето, поттикна многу девојки да го пробаат ова и сами да направат совршена контура на вилицита, како што има Бела Хадид. Со оглед на тоа, овој предизвик полека станува тренд на ТикТок, а можеби наскоро Бела ќе објави видео на оваа тема и ќе ја открие вистинската тајна, која се крие зад нејзината совршена контура.
фото: Принтскрин - rachelocoolmua / TikTok; bellahadid / Instagram