Поради хитот „Јеремија“ Тозовац бил принуден да се крие во Германија: По враќањето во Србија му го одземале пасошот, но тој не се откажал

Поради хитот „Јеремија“ Тозовац бил принуден да се крие во Германија: По враќањето во Србија му го одземале пасошот, но тој не се откажал

Објавена во: Живот // Живот

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац помина на 85 години, како последица од коронавирусот. Зад себе остави многу хитови и песни кои со задоволство се слушаат, а за многумина една од омилените е „Јеремија“.

Тој во 1972 година ја пее песнаа „Јеремија“, која тогашните комунистички власти ја класифицираат во четнички песни, поради што пејачот е принуден да се сокрие кај пријатели во Германија. По две години се враќа во Србија, а тогаш властите му го одземале пасошот, но Тозовац останал миленик на публиката и продолжил да пее.

Луѓето го сакаа и со задоволство го слушаа, а најпознат е по песните „Тражичу љубав нову“, „Влајна“, „Јесен у мом сокаку“, „Мирјана“, „Ти си ме чекала“, „Виолино не свирај“, „Овамо цигани“, „Очи једне жене“, „Празна чаша“ и многу други.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: