Поради мене сме тука каде што сме: Дамиано Давид се скара со бендот, ги обвини дека се неблагодарни

Поради мене сме тука каде што сме: Дамиано Давид се скара со бендот, ги обвини дека се неблагодарни

Објавена во: Stars // Музика

Како што стојат работите, дојде до „неволја во рајот“. На социјалните мрежи се појави видео во кое Дамиано Давид се кара со басистката Викторија, а поради тоа што, по негово мислење, во бендот не ценат онолку колку што тој смета дека треба.

Победниците на Евровизија и светската сензација, бендот Манескин пред само десетина дена го објави спотот за песната „I wanna be your slave“ и уште еднаш ги поместија границите на своите перформански.

Обожавателите спотот едвај го дочекаа, а сега нетрпеливо очекуваат и нови проекти.

Последните денови ни Дамиано, а ни останатиот дел од бендот не се огласуваа многу на Инстаграм, што до скоро не беше случај, а многумина тоа го поврзаа со „неволјата во рајот“, односно со шпекулациите дека не се толку сложни како што се мислеше.

Имено, последните денови постојано се појавува видео од кавгата на Дамиано со басистката Викторија во која пејачот јасно истакнува дека не му се допаѓа како се однесуваат со него.


Викторија, за целото време се обидува да сфати за што станува збор и зошто Дамиано е нервозен, па ја споменуваа и гордоста како таква, на што згодниот Италијанец одговори дека се работи за тоа дека се подразбира дека некои работи не мора да им ги кажува.

Како што може да се види од спорното видео, на Дамиано му пречело тоа што тој секогаш е тука за сѐ, а кога на него му е лошо никој не се грижи.

Видеото е направено во воз, на една од турнеите, а Дамиано во еден моемнт искоментира дека се таму каде што се благодарение на него и неговиот „труд“, како и дека се неблагодарни и дека само сака да биде испочитуван до крај.

Дали ова е само момент или почетокот на крајот, останува да видиме, но многумина сметаат дека ова видео е старо и дека намерно луѓето се обидуваат Дамиано да го претстават како негативец и на тој начин да ја намалат неговата популарност.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: