Поради новата фотка на Кендал Џенер горат социјалните мрежи: Дури и сестрите се шегуваат со неа

Поради новата фотка на Кендал Џенер горат социјалните мрежи: Дури и сестрите се шегуваат со неа

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако ѝ е тешко да се најде мана кога е нејзиниот изглед во прашање, „Кардашијанката“ и една од најуспешните светски модели, Кендал Џенер, со години трпи коментари полни со потсмев на сметка на прстите на своите нозе.

Иако до неодамна тешко се справуваше со тоа, па злонамерните коментари ја доведуваа со солзи, Кендал сега се помири со тоа дека со текот на годините секогаш ќе добива коментари полни со омраза, па одлучи да ги претвори во шега. Имено, под последната фотографија на Инстаграм на која позираше во шарен фустан од „Loewe“ и црни сандали, во кои до израз дојдоа нејзините долги прсти, таа напиша дека ќе ги блокира сите коментари кои се однесуваат на нејзините стапала и прсти.

Меѓутоа, нејзините сестри не сакаа овој момент да помине незабележан, па Клои и Кајли набрзо ѝ напишаа коментари за да им дадат на значење на нејзините прсти и да ги потсетат луѓето на што треба да обрнат внимание.

„Ги сакам“ - напиша нејзината помлада сестра Кајли Џенер, ставајќи две стапала покрај текстот, јасно алудирајќи на делот од телото за кој Кендал не сака да се зборува.

Набрзо се јави и постарата Кардашијанка Клои. 

„Ги сакам твоите големи прсти“ - напиша Клои, ап отоа понесена од коментарите во сето тоа се вклучи и нивната мајка Крис.

„Боже, те сакам“ - напиша под коментарот на најмладата Кардашијанка.

Кендал уште како тинејџерка зборуваше за суровите коментари кои ги добивала на сметка на своите прсти, па уште во далечката 2015 година за магазинот „Elle“ кажа дека има „најдолги прсти на светот“.

Сепак, четири години подоцна раскажа како всушност се чувствувала додека се соочувала со критиките и коментарите на јавноста на сметка на нејзиниот физички изглед.

„Со денови плачев поради работите кои ми ги кажуваа луѓето, но низ тоа станав посилна“ - кажа Кендал.

Потоа додаде дкеа и таа е човечко суштество кое има емоции и чии чувства може да бидат повредени.

„Немојте погрешно да ме сфатите, јас не сум нешто повеќе од човек. Дефинитивно имам чувства, а работите кои луѓето ги кажуваат на социјалните мрежи можат многу да ве повредат“ - кажа во 2019 година за „Allure“ и на крајот призна дека работи на тоа негативните коментари да не ја допираат, бидејќи во спротивно само си нанесува штета на здравјето.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: