Поради „Проверено“ се случува најголемата драма на српската естрада: Лина го отпеа хитот на Милица Павловиќ (ВИДЕО)
Драмата „Проверено“ која се случи помеѓу Милица Павловиќ и Ана Николиќ деновиве го размрда целиот Балкан. Истата настана поради демо снимката на „Проверено“, која ја пее Ана и која протече на Интернет, откако Милица направи хит од истата песна.
Додека нивните колеги им судат и одбираат страна, песната постојано се слуша, а одличен доказ за тоа се 14.5 милиони прегледи кои ги има собрано досега.
Уште еден доказ дека оваа песна е апсолутен хит помеѓу сите генерации е тоа што и многу пејачи направија кавер на истата. Помеѓу нив е и нашата пејачка Лина Пејовска, која стави свој печат на овој хит на Милица Павловиќ.
Српската пејачка уште се нема огласено по повод изведбата на Лина, но коментарите кои ги доби нашата талентирана музичка ѕвезда се потврда за одличната изведба.
фото: Принтскрин / Инстаграм