Поради сиромаштијата детството го поминал во дом: Душко Тошиќ денес заработува милиони, а некогаш за тоа не ни можел ни да сонува
Некогашниот фудбалер и фудбалски менаџер, Душко Тошиќ, спогодбено се разведе од пејачката Јелена Карлеуша по 14 години брак. Заедно, добија две ќерки - Атина и Ника. Како семејство, живееја на висока нога, но своевремено, Тошиќ за такво нешто не ни можел да сонува.
Имено, тој израснал во мало село кај Зрењанин, во Орловат, а неговите родители Николета и Милорад, поради сиромаштијата морале да го остават во Домот за незгрижени деца „Ангелина Којиќ Гина“. Таму поминал околу 3 години, учејќи и тренирајќи во исто време, а не ни претпотавувал дека ќе стане исклучително богат.
„Мојот Душко неколку години беше во интернат за да се школува и да игра фудбал, таму имаше редовни оброци, што за дете во развој е многу важно. Сега е успешен и многу сме горди на него. Го оствари својот сон. Живее во големиот град“ - раскажа Милорад Тошиќ порано и додаде дека денес со сопругата посебно ужива во друштво на внуките Атина и Ника:
„Јас и мојата сопруга сме стари, живееме овде бидејќи ни е убаво. Природата е околу нас, свеж и чист воздух. Ништо не ни недостасува, а би сакале внуките да ни трчаат низ дворот. Не знаете колку убаво си играат тука Атина и Ника. Но, да не зборувам повеќе, ќе ме критикува сопругата“.
Од мали нозе бил амбициозен и изгледа дека уште тогаш ја знаел својата цел. Во училиште бил многу внимателно и упорно момче кое по цел ден тренирало фудбал, а знаел и да се искраде од дома и по цела вечер да го следи овој спорт кај своите соседи, бидејќи неговите немале телевизор.
„Точно е дека Душко беше во нашиот дом. Живееше на село, а сакаше да тренира фудбар, родителите го запишаа кај нас. Редоволно си одеше дома кај семејството и тие го посетуваа. Тогаш нашата сутанова имаше дел за незгрижени деца, но тој беше сместен во интернатот. Тоа беше прекрасно, но се сеќавам дека беше упорен и дека по цел ден играше фудбал на училишниот терен“ - раскажа еден од професорите на Душко, пренесуваат медиумите.
И Јелена Карлеуша своевремено откри колку му помогнала мајката на Кија Коцкар.
„Мојот сопруг ДУшко, ми раскажа, кога јас жестоко ја коментиран Кија, да престанам и да не ја закачам, бидејќи многу му помогнала. Тој ми кажа: „Немој повеќе да ја закачаш, затоа што нејзината мајка кога бев мал и многу сиромашен, ми даваше ручен на мене во ресторанот во кој работеше““ - раскажа таа во „Амиџи шоу“.
фото: Принтскрин / Инстаграм