Поради состојбата во која се ноаѓа ја нарекоа Заспаната убавица: Тинејџерката е здрава, но спие и по една недела (ВИДЕО)
Еча е 17-годишна девојка од Индонезија, која поради состојбата во која се наоѓа ја нарекуваат Заспана убавица...
Сигурно некогаш ви се случило да спиете повеќе од 10 часа. Можеби дури и да го преспиете денот. Но, се сомневаме дека тоа не е вашата редовна состојба и дека тоа не се повторува постојано. Медиумите за неа пишуваа уште во 2017 година, кога пренесоа дека спие дури и по 13 часа на ден.
Меѓутоа, ситуација од тогаш драстично е злошена, па така еднаш еднаш спиела еден и пол ден, а овој месец дури една цела недела.
За работата да биде уште позагрижувачка, докторите тврдат дека тинејџерката е потполно здрава. Единственото нешто што таа го чувствува по будењето е немањето сила.
Иако причината за ваквата состојба е непозната, постои сомневање дека станува збор за хиперсомнија, ретка состојба во која заболените се чувствуваат многу уморни, а се јавува поради невролошки оштетувања, генетика или физичка и емоционална траума.
Таткото на оваа тинејџерка кажа дека ситуацијата е многу тешка, бидејќи никогаш не можат да ја разбудат, па дека буквално ја носат во тоалет, за да може да врши нужда, а и ја хранат, за барем да внесе нешто во организмот. Додека го прават сето ова, таа цело време спие.
„Ќе ја изџвака и проголта храната, но спие. Така е и кога ја носиме во тоалет. Врши нужда, но не се буди“ - кажа таткото на девојчето.
Иако оваа состојба е неизлечива, родителите се надеваат дека ќе има подобрување и дека еден ден нивната ќерка ќе може нормално да го живее животот.