Поради вербален напад кон професорка, исклучени се двајца ученици од СУГС „Владо Тасевски“

Поради вербален напад кон професорка, исклучени се двајца ученици од СУГС „Владо Тасевски“

Објавена во: Совети // School zone

Вчера на социјалните мрежи Инстаграм, ТикТок, па дури Твитер започна да кружи видео во кое ученик за време на настава на далечина вербално нападна професорка од СУГС „Владо Тасевски“ или попознато како ПТТ. Професорката што се соочи со недоличното однесување на ученикот беше неовласено снимана и споделувана на Интернет.

Видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а истото го продуцирал друг ученик од истото училиште.

По ова прашање, веднаш реагираше училиштето и донесе мерка исклучување на двајцата ученици, а одлуката јавно ја сподели на Фејсбук.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: