Поради вртоглаво високите потпетици, манекенка падна на модната писта: Нејзината реакција ги изненади сите (ВИДЕО)
Одењето на високи потпетици може да биде вистински предизвик и уметност, дури и за професионалец како модел.
Супермоделот Кристен Мекменами се занимава со манекенство од 80-тите години на минатиот век и има учествувано многу ревии и модни писти.
На овогодинешната модна недела во Париз, таа беше ангажирана од модната куќа Валентино да ги претстави нивните креации. Но, ниту годините искуство кои оваа жена го има зад себе не беа доволни за да ја одржи рамнотежата, бидејќи дизајнерските високи потпетици беа толку вртоглаво високи што Кристен падна на сцената.
Оние кои седеле во првите редови во публиката веднаш притрчале да ѝ помогнат. Но, Кристен категорично ги одбила. Видно исфрустрирана од ситуацијата, во видеото се гледа како таа ги соблекува чевлите, ги зима во раце и се боса оди до крај на сцената.
Корисниците на социјалните мрежи ја покажаа својата поддршка за Кристен. Една корисничка на Твитер напишала дека ова видео ја натерало никогаш повеќе да не сака да купи чевли на Валентино.
Кристен на својот Инстаграм го исмеа целиот настан објавувајќи фотографија од зад сцената. На фотографијата можете да видите како ѝ помагаат да го прицврсти задниот дел од фустанот. Заедно со фотографијата Кристен напишала: „Пред падот“.фото: Принтскрин / Инстаграм