Поранешната девојка на синот на Брена ќе застане на луд камен: Дестинацијата го одзема здивот, а еве каков е прстенот (ФОТО)
Убавата Сандра одлучи да го каже судбоносното „да“...
Некогашната девојка на Виктор Живојиновиќ, Сандра Миљаковиќ ги сподели убавите вести со своите следбеници на социјалните мрежи.
Сандра професионално се занимава со шминка, а на јавноста ѝ стана позната откако беше во емотивна врска со синот на познатата српска пејачка, Лепа Брена.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели преубави фотки од Малдивите, а потоа следуваше и онаа која сите ги воодушеви.
На фотографијата се гледа преубав свршувачки прстен, како и заљубена двојка која разменува бакнежи и нежности. Нејзиниот избраник запросувањето го испланирал вниманително и ја изненадил со овој подарок.
Сандра одлучи да го каже судбоносното „да“, а кога ќе се одржи прославата по овој повод уште не е познато.
Виктор Живојиновиќ беше долго во врска со Сандра, а многумина мислеа дека токму тој ќе однесе пред олтарот. По тој повод дури неколку пати се огласија нејзините родители, кои имаа само убави зборови за Виктор.
фото: Принтскрин / Инстаграм