Поранешната на Бака Прасе изненади со голема промена: Оваа боја на коса ѝ одговара повеќе од старата (ФОТО)
Летото е идеално време за мала промена...
Навикнати сме да ја гледаме Ања со кафена коса, што таа веќе ѝ стана заштитен знак. Затоа многу ги изненади своите обожаватели кога на нејзиниот профил одеднаш се појави „нова Ања“.
Драстична промена на фризурата! Тоа значи само едно кога си девојка, а Ања дефинитивно е насочена кон ново поглавје во животот. Откако стана позната како девојка на Бака Прасе, па досега, навикнати сме да ја гледаме со иста боја на коса. Повремено знаеше да си поигра со должината, но никогаш досега немаше направи некоја екстремна промена и затоа сега ги изненади своите обожаватели.
Својата кафена коса ја замени со бела! Поточно со руса со ладни тонови. На тоа ѝ малку додаде на должина. Дали станува збор за перика или екстензии во комбинација со новата боја, не знаеме.
Со оглед на тоа што од темна до волку светла е многу тешко да се дојде, без косата да изгледа премногу жолта, изгледа дека Ања пронашла добар фризер.