Поранешниот сопруг на Наташа Беквалац стана татко: Љуба Јовановиќ ги покажа сопругата и ќеркичката
Поранешниот сопруг на Наташа Беквалац и ракометар Љуба Јовановиќ стана татко, а убавите вести ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.
„Моја“ - кратко напиша во описот на фотографијата од својата ќерка, а потоа покажа и како изгледа неговата сопруга, која порано немавме можност да ја видиме.
„Ти благодарам мој хероју, те сакам“ - напиша Љуба на фотографијата од неговата избраничка.
Како што пишува „Курир“, ќерката на Љуба ќе се вика Ирина.
Инаку, значењето на женското име Ирина обично е онаа која носи мир; личност која е спокојна и мирна; духовита и нежна жена; оној што ги смирува другите луѓе и оној кој е мирољубив; оној кој е благословен; нежна и многу благородна личност ...