Порасна и најмалата ќерка на Владимир Ѓорчев: Катерина наполни 6 години (ФОТО)
Познатиот македонски политичар Владимир Ѓорчев е еден од оние кои може да се пофалат со големо семејство. Заедно со сопругата Сузана имаат четири деца - Марта, Филип, Никола и Катерина.
Тој на социјалните мрежи често споделува фотографии од нивните заеднички дружби и на своите поддржувачи им открива како тој го поминува слободното време со семејството.
Сега, сподели една малку поинаква фотографија. Имено, на неговата најмала ќерка Катерина, денес ѝ е роденден, а гордиот татко на својот профил на Фејсбук, јавно ѝ го честиташе роденденот.
„Среќен роденден ќерко. Катерина, 6 години“ - напиша Ѓорчев покрај фотографијата на која позира неговата наследничка, која од септември ќе биде прваче.