Порасна во дом за малолетници и на улица- со помош на талентот стана ѕвезда: Југославија го памети како пејач со душа

Порасна во дом за малолетници и на улица- со помош на талентот стана ѕвезда: Југославија го памети како пејач со душа

Објавена во: Живот // Живот

Во екот на корона вирусот, во 2020-та година, од срцев удар почина Џеј Рамадановски. Имаше само 56 години, а беше погребан според сите муслимански обичаи, иако го празнувал Велики петок и често велел дека „Господ е само еден“, па знаел после црква, каде палел свеќа, да оди во џамија. 

Умееше да каже дека бил најсреќен во периодот од дваесетите до триесетите, бидејќи тогаш се остварил како пејач, се оженил и добил деца. „Кога наполнив триесет години, веќе имав видено сè, искусив сè“, рече Џеј.

Тој израснал во дом за малолетници, а од домот бил извлечен од неговата учителка, која во еден момент го поканила да живее во нејзиниот стан, бидејќи препознала „душа“ кај младиот Џеј, како што подоцна рекле луѓето кои го познавале. 

Благодарение на Марина Туцаковиќ се прослави бидејќи таа му ја напиша сега веќе познатата песна: „Zar ja da ti brišem suze“ со која го освои третото место на фестивалот „МЕСАМ“.

Џеј Рамадановски е роден 1965-та година во Белград. Неговите предци се Роми од Македонија кои дошле во Белград по Втората светска војна. Тој израснал на улиците на Дорчол и никогаш не криел дека неговата младост е обележана со џебни кражби, коцкање и пороци. Сепак, во едно интервју призна дека не се срами од своето минато, бидејќи ако се срами од нешто што го направил, немаше да биде тоа што е денес. Тој во таа прилика рече дека ќе се срамел доколку направел „некои одвратни, нечовечки дела“, но такво нешто никогаш не се случило, пишува „Biografija.org“.

До 2007-ма година беше во брак со Нада Рамадановски со која има две ќерки Ана и Марија. Нада ја запознал во 80-тите како сестра на еден од неговите најдобри пријатели. Кога се вратил од војска, таа работела во кафуле, но иако се сакале, врската била забранета. Имено, таа можела да излезе во град само со брат ѝ и не седеле во исто друштво. Бидејќи нејзиниот татко и брат не се согласувале со нивната врска, тие извесен период се гледале тајно. Кога остана бремена, семејството на Нада мораше да го прифати Џеј.

Во 1990-та година ја добија ќерката Ана, а подоцна и Марија. Како и повеќето боеми, Џеј ноќите и деновите ги поминувал во кафеана. Тој се коцкал, пушел и пиел, а Нада не можела повеќе да издржи, па решила да се разведе од него. Тие официјално ставија крај на бракот во 2007-ма година. Иако не се заедно со децении, пејачот знаеше да каже дека неизмерно ја сака и почитува поранешната сопруга, а таа е неговиот „херој“ и „кралица“.

Во средината на 2017-та година, Џеј мораше да оди на операција на срцето, поради залистоците кои беа резултат на нездравиот живот што го водел. Сепак, тој успеа релативно брзо да се опорави и повторно да запее. Вели дека ќерките и поранешната сопруга му дале голема поддршка, и дека му е благодарен на Бог што му дал уште една шанса.

Почина на 6-ти декември 2020-та година во Белград, во недела. Во тие денови цела Србија го пееше текстот на неговата песна: „Nedelja, i svi ste tu, a mene s’ vama nema - daleko negde sam, na put bez povratka vaš sin se sada sprema... ..."


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: