Пораснаа близнаците на Ненад и Горана Ѓорѓиевски: Иво и Љупка полнат 8 години
Вие сте нашиот извор на радост среќа и неизмерна љубов . Среќен 8-ми роденден Љупка и Иво ве сакаат мама и тато .
Ова е пораката која познатиот водител Ненад ја сподели на социјалните мрежи.
Близнаците на водителот се родени предвреме некаде при крај на 31 вата недела од мојата бременост.
„Цели три месеци пред породувањето морав да мирувам во буквална смисла, што подразбираше дека станувањето од кревет треба да е сведено на минимум. Тежок е периодот на неизвесност, кога ја добиваш информацијата дека во секој момент може да се случи породувањето, а бебињата се се уште недоразвиени. Нашите близнаци се родија многу мали, 1330 грама и 1500 грама, но со одлична оцена. Се задржаа одреден период на одделот за неонатологија во болницата каде што се породив. Си знаминав сама од болница, тоа за мене беше вистински шок, особено поради фактот што тоа беше моја прва бременост. Иво го земавме 17 дена после породувањето а Љупка дури по 24 дена. И денес не можам да опишам каква беше таа тага, кога по повеќе од две недели си заминав од болницата со едното бебе, а другото мораше да остане за да ја добие потребната тежина. Првите денови беа најкритични и никој од медицинскиот персонал не можеше да ни потврди со сигурност дека се ќе биде во ред со бебињата. И додека дома се грижевме за Иво, најмалку пет пати во текот на денот возев до болницата и назад за да ја видам Љупка.
Се на се, измешани емоции кои само родител на предвремено родено дете може да ги разбере. Неизмерна среќа во комбинација со ужасен страв од можноста за одредени последици од предвременото породување. За среќа во нашиот случај се помина во најдобар ред, благодарение на навременото откривање на можноста за предвремено породување но и дополнителните терапии кои ги примав за развој на плодовите, ни раскажаа Ненад и Горана.
Во една прилика водителот изјави дека од секогаш потајно посакувал близнаци, и дека се благословени со неговата сопруга да им се исполни оваа желба.
ФОТО: Инстаграм