Послабите ученици имаат поголеми шанси за успех во животот, но и повисока плата од одличните: 5 причини зошто тоа е така
Делува како ова да нема смисла, но доколку го прочиташ тексто ќе сфатиш дека сепак има...
Ова никако не значи дека одличните ученици немаат шанси за успех или дека ќе поминат полошо, напротив, упорноста и трудот водат кон успех. Но, не е се изгубено дури ни за оние кои во средно училиште имале проблеми со оцените.
Многу родители им прават притисок на своите деца поради училиштето и лошите оценки, особено доколку имаат постари браќа и сестри кои веќе поставиле некои високи стандарди. Кога ќе добијат полоша оценка од очекуваното, родителите се незадоволни, им велат да учат повеќе или им доделуваат различни казни и забрани. Во реалноста, оцените на училиште не се показател на интелигенцијата. Да се научи нешто напамет и да се добие 5, не е знак дека некој е паметен. Има многу примери на познати и успешни луѓе кои не биле добри ученици, но сепак успеале во животот. Како тоа е можно и зошто доколку училиштето не ти оди најдобро не значи дека нема да успееш во животот? Психолозите се обидуваат да одговорат на тоа и направија листа од 5 причини зошто се случува оние кои се мачат со оценките, подоцна во животот да бидат поуспешни и да имаат дури и подобри плати од оние кои ределе 5 - ки.
# Не им е грижа за оценките и пред себе не ставаат преголеми очекувања
За многу одлични ученици, оценките се знак за успех: доколку имаат добри оценки, тоа значи дека нешто постигнале. Сепак, оценките често се субјективни и не зависат само од количината на знаење, туку и од други различни фактори. „Лошите“ ученици учат дека не треба со оценките да докажуваат дека нешто успеале. Кога ги оствараат своите цели, нема да бараат одобрување од другите луѓе, туку ќе гледаат на себе и колку тие самите се задоволни од својот успех.
# Не се трудат да испаднат добри во очите на другите
Одличните ученици често сакаат да ги импресионираат своите наставници/професори на начин што на пример ќе го решат тестот без грешка или со тоа што секогаш ќе бидат подготвени за испрашување. Затоа се трудат многу, па дури и кога нешто не ги интересира. „Лошите“ ученици не се обидуваат да импресионираат никој и не прават работи кои не ги сакаат. Додека одат на училиште, тоа не е баш најдобра опција, но подоцна во животот се покажало дека таквите луѓе имаат поинаков став и комуникација со своите надредени и изборите кои ги прават.
# Тие не прават сé сами
Одличните ученици знаат дека доколку имаат идеја само самите тие ќе може да ја реализираат истата, бидејќи во спротивно истата нема да биде успешно реализирана. Тие сакаат да имаат 100% контрола и не им веруваат на другите. Од друга страна, кај „лошите“ ученици не е никаков проблем да ги искористат другите луѓе за да направат нешто за нив. Во подоцнежниот живот и едните и другите ќе го прават истото, само што овие првите кои што прават сè сами ќе бидат умори, што доведува до помала концентрација и волја, а вторите лесно ќе преземат само неколку задачи кои што реално ќе може да ги завршат, а остатокот нема да им пречи доколку ги заврши некој друг.
# Не се плашат да ризикуваат, бидејќи знаат дека некогаш треба да се случи и да паднат
Многу е тешко да се живее на начин доколку самите од себе имаме очекувања дека се што правиме мора да биде одлично и совршено. Нема шанси на некој да му успее ова. Како ќе носиш со ситуациите кога ќе потфрлиш, тоа е важно. Одличните ученици се толку навикнати на успеси, што дури и се плашат да се соочат со неуспех, поради што никогаш нема да направат нешто лудо и ризично, што истовреме е и нешто што може да се исплати. Оние кои биле „лоши“ ученици, кога ќе матурираат може и ќе направат нешто лудо и така ќе станат успешни, доколку одличните ученици ќе седат на некое здодевно работно место и ќе работат од 8 до 16 часот.
# Не го прават она што не ги интересира и целиот фокус го ставаат на она што им е поле на интерес
Доколку сметаат дека нешто им нема смисла, нема да вложат ниту 1% труд, но доколку нешто ги интересира, ќе го вложат целиот можен труд. Ќе се фокусираат на работите кои ги интересираат и ќе се трудат да успеат, доколку одличните ученици ќе бидат концентрирани на многу различни страни.
И уште еднаш да го повториме она најважното, сето ова не значи дека треба да престанеш да учиш и да не се интересираш за училиштето. Никаде не пишува дека одличните ученици подоцна во животот нема да бидат успешно. Ова само докажува дека оценките не се најважни и дека доколку твојот просек не е 5.00, сепак ќе имаш еднакви шанси за успех.
Извор: teen385.com