После 17 години, повторно заедно: Нови фотки од Џенифер Лопез и Бен Афлек ја разбрануваа јавноста

После 17 години, повторно заедно: Нови фотки од Џенифер Лопез и Бен Афлек ја разбрануваа јавноста

Објавена во: Живот // Живот

Откако ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45), пејачката Џенифер Лопез (51) поминува време со нејзиниот поранешен свршеник, актерот Бен Афлек (48), пишува Пејџ Сикс.

Имено, актерот е снимен неколку пати пред домот на пејачката во Лос Анџелес во последните неколку дена, па дури и беа фотографирани заедно во автомобилот и на прошетка.

Двајцата се сретнаа на снимањето на филмот „Gigli“ во 2001 година и беа верени од 2002 до 2004 година, а со нови фотографии ги разгореа гласините дека решиле да и дадат втора шанса на својата љубов, а како додаток на тоа е и изјавата на Афлек за Џеј Ло во едно од неговите неодамнешни интервјуа.

- Таа е најголемата работничка што сум ја сретнал. Таа е многу талентирана, но многу работеше и на себе и на нејзиниот успех, па затоа сум многу среќен за неа и се чини дека сите нејзини напори се исплатија - рече тој за „InStyle“ и призна дека не може да престане да и се восхитува на младешкиот изглед.

Афлек издвои околу два милиони долари за прстенот, а дијамантот беше во розова нијанса. Целата церемонија беше откажана неколку месеци пред датумот, а веридбата беше прекината. Падот наводно се раздвоил поради неговата развратна ергенска забава во стриптиз клуб и фактот дека имал огромни проблеми со коцкањето. Двојката помина вкупно две години заедно.

Сепак и сега, нивните пријатели тврдат дека нема ништо повеќе од пријателство меѓу нив двајца.

„Тие се само пријатели со години“, изјави извор близок до нив.

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (51) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) сега, навистина, ставија крај на свршувачката откако двапати ја откажаа својата венчавка поради пандемијата на коронавирус. Имено, латино дивата и Алекс потврдија дека отсега секој оди по својот пат.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: