После Крф - Паксос: Лепа Брена со фамилијата крстари по јонското море
Најголемата југословенска фолк sвезда Лепа Брена (60) пред неколку дена одржа концерт во дискотеката „Топ Хил“ во Будва, а веднаш потоа, со сопругот Боба Живојиновиќ, сестрата, зетот и пријателите, отиде на крстарење низ Грција, поточно Јонско Море.
Нивната прва станица беше Крф, а потоа целото друштво тргна кон островот Паксос, петнаесет километри јужно и се стационираше во селото Лака.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи, тие најмногу уживаат во грчката храна и музика, бидејќи на секое место, освен плажите, задолжителна беше и посетата на таверна каде што може да се слушне ребетико, вид традиционална грчка музика...