Последиците од корона забавата пристигнуваат: Рита Ора повеќе нема да биде дел од жирито на шоуто „The Masked Singer“
Пејачката Рита Ора нема да добие ангажман во новата сезона на шоуто „The Masked Singer“, каде што беше една до членовите на жирито. Наводно, продуцентската куќа на споменатата шоу програма не сака да ја продолжи соработката со неа, бидејќи ги прекрши епидемиолошките мерки и тоа два пати.
Прво отпатува за Египет, каде настапи во хотел со пет sвездички, а по враќањето во Велика Британија, наместо да биде изолирана, пејачката организирала тајна роденденска забава каде поканила голем број свои пријатели.
„Гледачите со недели ја гледаа Рита во саботата навечер, но емисијата „The Musked Singer“ беше снимена пред нејзиниот роденден“ - изјави извор за „The Mirror“.
„Толку многу напор се вложува да се осигураме дека секој што учествува во шоуто е безбеден и многумина се чувствуваат изневерено од начинот на кој се однесуваше Рита. Таа не си направи услуга“ - додаде изворот.
Сепак, извор близок на Рита тврди дека причината што Рита нема да се појави во новата сезона на шоуто е тоа што прифатила уште еден ангажман.
„Општо е познато дека таа е во Австралија и дека ќе го сними „The Voice“ во следните неколку месеци“ - рече изворот.
Но, она што следбениците го забележаа е голема промена на официјалниот Инстаграм профил на познатата пејачка.
Имено, пред шест дена, Рита ги избриша сите свои објави на Инстаграм, а сега на нејзиниот профил може да се видат само објавите поврзани со новата песна, која треба да излезе на 12 февруари.
Британската полиција неодамна ја нарече пејачката „себична“ затоа што таа во ноември одржа забава на затворено по повод нејзиниот 30-ти роденден во ресторанот „Casa Cruz“.