Последната година од средно е најдобра од сите: 6 причини зошто е така!
Уживај во неа додека е уште тука, бидејќи ќе помине за миг.
Подобра година помината на училиште од последната во средно нема! Ова е година во која ќе мораш малку да се намачиш доколку планираш да полагаш државна матура, но освен тоа, те чекаат и многу убави моменти за паметење.
Школувањето има свои добри и лоши страни, а поради оние лошите, некогаш забораваме да уживаме во тие моменти. Без разлика дали по средното образование планираш да одиш на факултет, работиш или пак имаш некој сосема поинаков план, периодот поминат во средно секогаш ќе го паметиш, а особено оние последните години. Тоа е година кога се изгледа малку полесно, бидејќи уште малку и се наближува крајот, а сите останати во твоето училиште и твојот клас на тоа гледаат како на нешто прекрасно. Ве потсетуваме на 6 - те причини зошто токму последната година од средното образование е најдобра од сите претходни.
# Матурска вечер
Матурската вечер е практично како доделување на Оскари за средношколци. Тоа е можност сите да се дотераат најмногу, да се изнасликаат милион пати и добро да се забавуваат - единствено недостасува доделувањето на наградите, но некои средни училишта го имаат и тоа. Па така се доделуваат награди за најдобар ученик, најмногу неоправдани... категории има толку колку што матурантите се креативни. Но и без награди, тоа е вечер која ќе ја паметиш засекогаш. Секогаш е многу забавно, но има и солзи, бидејќи тоа сепак е разделба од луѓето со кои сте поминале 3 или 4 години од својот живот, секој ден, по 6 часа.
# Професорите се за нијанса построги
Секое средно училиште е поразлично, па така некаде се случува и ова, но доколку споредиш какви биле професорите кон тебе кога си се запишал/а во средно, а какви се последната година... Знаат дека сите се подготвуваат за натурата и дека стресот е најголемо ниво, но и дека тука е возбудата поради завршувањето на средното образование, како и дека последните денови не може да се очекува дека целиот клас ќе биде во елемент.
# Возбудата поради факулет
Ти се подготвуваат големи изненадувања, без разлика дали ќе се одлучиш да одиш на факултет или не. Можеби ќе го промениш местото на живеење, ќе имаш цимер/ка, те чекаат нови авантури и различни искуства за кои никогаш немаш размислувано. И како да не бидеш возбуден? А, да не зборуваме дека ќе се чувствуваш супер успешно и гордо на себе кога ќе видиш дека си се запишал на факултетот кој си го сакал.
# Од другите години ве гледаат со воодушевување
Ова е година кога конечно сте главни на училиште. Оние кои се прва година ве гледаат со стравопочит, а на никој друг не му паѓа на памет да се замери со вас. Вие сте им пример и каква глупост да направите како клас, за останатите тоа ќе биде „врв“. Можеби нема да се земат пример од вашите оценки и успех, но тоа не е толку интересно.
# Знаеш дека тоа е последна година - КОНЕЧНО
Нема подобро чувство отколку кога знаеш дека конечно на нешто му дошло крајот. Последните неколку години си ги поминал таму - си станувал рано секое утро, си имал по 6 - 7 часа, потоа одиш дома, учиш, спиеш и така скоро секој ден. Сега на тоа конечно му дојде крајот. Иако средното образование е супер период во животот, уште поубаво е кога знаеш дека на учењето на некој начин му дојде крај.
# Дружење со класот повеќе од вообичаено
Последната година, односно полугодие, ја прави атмосферата во класот подобра од обично. Дали е тоа затоа што знаете дека се приближувате кон крајот или има некоја друга причина? Која и да е, како што и се наближува крајот на училишната година, така се повеќе се дружите и по часовите. Бегате од часови за да пиете кафе, се дружите по часовите, на големиот одмор сте сите заедно... Одеднаш започнуваш да комуницираш со личност со која досега немаш разменето повеќе од неколку зборови и сфаќаш дека е навистина забавно.