Последните моменти на Тозовац: Докторите му пуштале песни кои веднаш ги препознавал
Како што дознава порталот 24седам, пејачот во неделата бил итно хоспилизиран, каде бил интубиран, а потоа и реанимиран. Покрај сите напори на персоналот на клиниката, срцето не му издржало...
Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85 години.
Како што дознава порталот 24седам, тој бил отпуштен од КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во петокот, а потоа во неделата бил итно примен на Воено-медицинската академија поради влошување на неговата состојба. Тозовац тогаш имал исклучително низок крвен притисок, не зборувал речиси ништо, а белите дробови му биле во многу лоша состојба. Според изворот на 24седам од оваа клиника, легендарниот пејач бил интубиран и тогаш му се вратила свеста. Со цел да го спасат и вработените да ја проверат неговата состојба на свест, тие исто така му ги пуштале неговите песни, кои тој веднаш ги препознавал. Правеле сѐ за да го спасат, но набрзо следувала реанимација. За жал, според нивниот извор, Тозовац починал пет минути по полноќ на 6 април.
Да потсетиме, Предраг Живковиќ Тозовац се лекуваше од коронавирус во последните неколку недели. Тој сакал што побрзо да излезе од болницата и да се врати дома, а за време на престојот на клиниката бил на интензивна нега на кислород.