Последните недели трпела страшни болки: Не можела да зборува - „Докторот ѝ рекол дека ракот е веќе во напредна фаза“
Познатата пејачка Мерима Његомир почина по тешката борба со ракот на панкреасот. Пријател на семејството открива како ги поминала последните денови.
Пејачката Мерима Његомир почина во саботата по кратката, но тешка борба со ракот на панкреасот. Иако ништо не укажувало на болест кога во септември заминала кај докторот поради болки во стомакот, тој ѝ соопштил дека има рак на панкреасот во напредна фаза, и дека туморот ги зафатил и другите внатрешни органи.
Прогнозите биле многу лоши, па докторот веднаш ѝ соопштил на Мерима дека има уште неколку месеци живот.
„Мерима тешко ја прифати својата состојба, бидејќи сѐ се случуваше брзо. Ракот на панкреасот е многу подмол, бидејќи се открива во последната фаза, кога е тешко да се излекува. Два месеци нашата Марима се бореше лавовски, но не сакаше да се жали, бидејќи ќерките и синот ѝ беа главна поддршка. Иако се обидуваше да ги ублажи болките кои ги трпеше со разни лекови и чаеви, немаше помош. Имаше големи болки поради кои не можеше да се движи, дури ни да зборува. Многу се намачи последните две недели од својот живот, бидејќи ракот се прошири на уште неколку органи. Не стануваше од кревет, само кога требаше да оди до тоалет и тогаш децата ѝ помагаа да стане. Тогаш повеќе не се слушаше со никој на телефон, бидејќи не можеше да зборува, па нејзините деца зборуваа со пејачите кои секој ден ѕвонеа да прашаат како е и дали ѝ треба нешто. Лепа Лукиќ постојано ѕвонеше и плачеше, како и Нада Топчагиќ. Иако некое време лежеше во болница, Мерима беше пуштена дома, каде последните денови ги помина со своите најмили“ - вели извор близок до нејзиното семејство.
И колегата на Мерима, Даша од групата „Легенде“ вели дека таа до септември пеела како славеј и била добра.
„Со неа во август пеев во Сокобања, беше здрава и одлично се чувствуваше. Ми беше тешко кога само еден месец подоцна ми ги кажа страшните вести, а и самата беше шокирана. Ми призна дека ѝ требале неколку дена да собере храброст и да ми каже дека е тешко болна. Ми кажа: Бев кај докторот поради болки во стомакот, а ми открија дека имам рак на панкреасот. Пред крајот не можевме ни да зборуваме на телефон, бидејќи поради болеста не можеше ни да зборува“ - вели Даша, кој многу тагува поради смртта на својата пријателка.