Посрамотена: Били Ајлиш се извини по обвинувањата за расизам
На социјалните мрежи се појави видео од пред шест години, во кое пејачката го измева азискиот акцент и ги навредува личностите од кинеско и источноазиско потекло...
Пејачката Били Ајлиш е обвинета за користење на расистички изрази, бидејќи на социјалните мрежи се појавија видеа на кои поп дивата ги исмева азиските акценти, а сега и таа почувствува потреба да се извини поради навредливите изјави.
Во изјавата објавена на нејзиниот Инстаграм профил, повеќекратката добитничка на наградите Греми, кажа дека е запрепастена од сопственото однесување на видеото на кои има 13 или 14 години, пишува „Ројтерс“.
Били денес има 19 години и напиша колку е згрозена и засрамена од своето однесување и дека ќе се потруди никогаш повеќе да не изговори нешто такво.
„Во оваа песна од видеата првпат го слушнав тој збор, бидејќи никој во моето семејство дотогаш никогаш не го кажал. Без оглед на моето не знаење и години во тоа време, ништо не го оправдува фактот дека е навредлива. Поради тоа ми е жал“ - кажа таа.
Уште едно видео кое овој месец стана особено актуелно на социјалната мрежа ТикТок е она на кое Били зборува, како што и самата посочи со „глупаво измислен глас“.
„Тоа на никој начин не е имитација на било кој или било кој јазик, акцент и култура. Секој кој ме познава, ме видел дека цел живот се занимавам со гласови. Без оглед на тоа како е ова протолкувано, не значи дека мојата постапка нанела штета на другите“ - кажа Били.