Поставен споменик на Тоше Проески на местото на кое трагично го изгуби животот во Хрватска
Споменик на легендарниот Тоше Проески е поставен недалеку од местото каде што загина тој, на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска.
Статуата е изработена во бела боја, а пејачот е во препознатлив костум од еден од концертите и шал околу вратот и држи микрофон.
Статуата на Тоше Проески ја изработи Славко Буниќ, а на свеченото откривање присуствуваа амбасадорот на Северна Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ како и градоначалникот на Крушево, родниот град на пејачот, Томе Христовски.
Тоше Проески трагично го загуби животот на ова место на 16 октомври 2007 година на 26-годишна возраст, а годинава се навршија 14 години од неговата смрт.