Постои кодекс на облекување и во авион: Девојка имала неудобна ситуација поради модната комбинација (ВИДЕО)
Сигурни сме дека на никој не би му било удобно доколку го избркаат од авион поради облека...
Правила на облекување очигледно не постојат само во училиштата и другите институции. На оваа девојка ѝ се случила бизарна ситуација, ни помалку, ни повеќе, туку во авион и тоа поради модната комбинација која ја носела.
Веќе неколку пати имаме пишувано за правилата на облекување во разни институции, како основни и средни училишта. Но, оваа девојка доживеала неудобна ситуација поради непримерно облекување и тоа во авион. За летот одлучила да облече корсет на прерамки, со оглед на екстремно високите температури, како што објаснува. Но, стјуардесата ја замолила да си облече нешто врз корсетот за да се покрие.
@maybejacy give me my money back smelly hoes @Southwest Airlines or send me a bottle of expensive champagne #fyp life support mashup by mvlfoy - toukass
Девојка на тоа ѝ одговорила дека нема што да облече, а стјуардесата потоа заминала и на девојката ѝ донела маица. Во таа ситуација, на страна на девојката застанала една жена, но девојката на крајот била исфрлена од авионот, бидејќи и понатаму одбивала да ја облече маицата која стјуардесата ѝ ја донела.
@maybejacy #greenscreen the world hating women ig #fyp original sound - jacy
Објаснувањето на девојката е такво што во прашање е само евион, а не средно училиште и дека таму не треба да постои кодекс на облекување, особено не за време на летови кога се високи температурите. Со тоа истакнала дека сите други исто така биле во кратки фустани и кроп топови, но дека проблемот бил во нејзиниот корсет, кој наводно бил непримерен.
фото: Принтскрин / ТикТок