Постои оправдана причина: Еве зошто Кол Спруз не се појави на обедувањето на „Пријатели“

Постои оправдана причина: Еве зошто Кол Спруз не се појави на обедувањето на „Пријатели“

Објавена во: Stars // Филм

Режисерот на специјалната епизода откри поради што многу омилени ликови од оригиналната верзија не присуствуваа на обединувањето...

Минатата недела се емитуваше повторното обединување на тимот од серијата „Пријатели“, а во тој еден час и 45 минути, покрај омилените главни актери, имавме можност да видиме и многу други ликови и актери кои имаа улога на гости. Помеѓу нив, за жал не беше Кол Спруз.

Тој на почетокот на кариерата гостуваше во неколку епизоди од серијата „Пријатели“ и тоа во улогата на Бен, синот на Рос Гелер. Иако многумина очекуваа да го видат и сега, тоа не се случи, а режисерот Бен Винстон откри поради што го немало.

„Не можевме да ги вклучиме сите луѓе, бидејќи имавме само еден час и 45 минути, а главниот дел на емисијата мораше да се врти околу главните ликови“ - кажа Винстон за „The Wrap“.

„Значи, не можевме да имаме премногу специјални гости - за време на емитувањето на серијата имавме стотина неверојатни гости. За жал, не можевме сите да ги повикаме“ - додаде.

Тој истакна и дека е тешко да се смина поради глобалната пандемија.

„Некои луѓе не можеа да патуваат и летаат надвор од земјата. Повикавме и некои кои не можеа да дојдат, а други веќе имаа закажани снимања“ - продолжи тој и додаде:

„Ова беше единствената вечер кога сите шест главни актери беа слободни. Па така, доколку распоредот не доволуваше да бидете таму на 8 април, за жал не можевте да бидете дел од специјалот.“

Во моментот на снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“, Кол Спруз беше во Ванкувер, Канада, каде ги снимаше новите епизоди на серијата „Riverdale“, а поради протоколите на снимањето не можел да го напушта сетот.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: