Постојат логични причини: Кој ден е најдобар, а кој најлош за прв состанок?
Наспроти универзалното мислење дека деновите од викеднот се најдобри за романтични состаноци, истражувањата открија изненадувачка вситина..
Ако се подготвувате за вашиот прв состанок,и не е така сеедно кој ден ќе изберете за да се сретнете со партнерот.
Наспроти популарното верување дека деновите од викендот, кога ги завршивте деловните обврски и конечно се опуштивте, се најдобри за романтични средби, истражувањата покажаа дека всушност, во среда, имате најдобри шанси за да го имате совршениот дејт. Еве и зошто!
Истражувањата покажаа дека централниот ден во неделата е идеален доколку треба за прв пат да се состанете со вашиот потенцијален партнер. Постојат повеќе причини. Вие сте во средината на работната недела, не сте премногу уморни за да се мачите да ја импресионирате личноста што ви се допаѓа, а кратката пауза би била совршена за вас.
Студиите исто така покажаа дека првите три дена по викендот, луѓето имаат најмногу елан, се најактивни и најпродуктивни на работа. Во наредните денови, нивната концентрација и работење се побавни. Ова е причината зошто среда е идеалениот ден за освежување на вашата енергија и засилување на вашата самодоверба.
Најлошиот ден за состанување?
Најлошиот ден во неделата за прво состанување е недела, се вели во студијата. Ако го закажете првиот датум во недела, јасно кажувате дека личноста не ве интересира доволно, бидејќи сте поминале две слободни ноќи - петок и сабота – со можност да се видите со некој друг. Освен тоа, понеделник е ден кој е претпознатлив по обврските, така да нема да бидеме многу опуштени и дефинитивно ќе бидете повеќе ограничени со време.