Потребна ти е инспирација за да почнеш да вежбаш? Трансформацијата на Гордана ќе ти покаже што прават трудот и желбата
Треба само да започнеш...
Најлошиот дел од вежбањето е почетокот. Убедувањето на себе за навистина да почнеш е она каде што најголемиот дел од луѓето се откажуваат. Ако ви треба мотивација за да започнете редовно да вежбате и да се храните поздраво, тогаш треба да ја видите трансформацијата на Гордана.
Дали ви треба инспирација и мотивација за да започнете да вежбате и да го доведете телото во форма? На сите понекогаш ни треба нешто што ќе не мотива конечно да почнеме, без да си кажеме „ќе почнам од следната недела“. Затоа ви ја раскажува приказната на Гордана.
Гордана Милошевиќ порано имала проблеми со килограмите, а својата трансформација ја сподели со сите, за да им покаже на другите дека тоа е можно, бидејќи таа е доказ дека навистина е возможно. Нема оправдувања. Само работа, ред и дисциплина. Тежела 130 килограми. Ја започнала својата трансформација, а денес е горда на својот успех и како што го нарекува „своја победа“, бидејќи ова дефинитивно е победа.
@milosevicgordanaaa Drugarica kaze napravi video uz ovaj sound #weightlosscheck #fyp #weightlosstransformation #weightlossgoals #viral original sound - Nikolina Scepanovic
Гордана денес има 70 килограми и е во топ форма. На својот ТикТок профил зборува за своето искуство, одговара на прашања и покажува колку се чувствува подобро во своја кожа. Луѓето се интересираат за сите детали, од тоа дали има стрии до тоа дали има вишок кожа. И таа одговора искрено на сите прашања.
@milosevicgordanaaa Reply to @maddllz original sound - Milošević Gordana
Поддршка добива од сите страни. Невозможно е да не останете импресионирани на нејзината трансформација. Она што е најлудо во целата ситуација е тоа што таа во ова успеала за многу кратко време.
фото: Принтскрин / ТикТок