Потребни ти се само овие 8 парчиња облека за да направиш до 56 различни модни комбинации: Да, возможно е!

Потребни ти се само овие 8 парчиња облека за да направиш до 56 различни модни комбинации: Да, возможно е!

Објавена во: Мода // Moj стил

Потребни ви се само вистинските парчиња облека.

Сите ние имаме плакари полни со облека и се чини дека секогаш носиме три исти комбинации. Но се чини дека правиме нешто многу погрешно, затоа што оваа девојка покажа дека ви се потребни само 8 парчиња облека за да добиете 56 различни комбинации.

Всушност, не ви треба многу облека за да изгледате поинаку секој ден, туку само креативност. И вистинските парчиња облека. Оние кои се токму ваш стил, кои ви одговараат како што сте замислиле и кои се основни парчиња. Само со такви парчиња можете да направите куп различни комбинации, а ако додадете дополнително парче во миксот, тоа значи и уште повеќе аутфити!

Една девојка докажа дека тоа е навистина возможно. Таа собра 56 различни комбинации од 8 парчиња облека и 2 пара чевли. И, девојките се воодушевени од идеите. Таа докажа дека навистина не ви треба многу облека, туку само паметно избрани парчиња.

Кога имате доволно основни парчиња во вашиот плакар, тоа е тоа, имате се што ви треба.
Многу пати носиме иста облека и се чини дека немаме ништо во нашиот плакар само затоа што имаме плакар полн со работи кои не одат заедно. Ова е добар трик кога се подготвувате за патување, особено сега кога доаѓа лето и одите на море. Не треба да спакувате милион работи.
За да можете и вие да го направите ова, еве кои 8 парчиња облека таа ги користела во нејзиното видео. И најдобро од сè, сите парчиња што таа ги користи се во тренд во моментов!

1. Беж карго панталони

2. Деним шорцеви

3. Бело здолниште

4. Црн корсет-маица

5. Беж топ

6. Бела маичка со кратки ракави

7. Бела кошула

8. Шарена тесна тоалета без прерамки

ВИДЕО:

@miks_tiks Reply to @mf.dlr  56 outfits out of 8 pieces of clothing + 2 shoes, THE PROOF!!!! you can do a lot with little!!! #tryon #outfitideas #fashiontrends #2022fashiontrends #staplepieces #capsulewardrobe #capsulecloset #capsulewardrobestyle #capsulewardrobetips #functionalwardrobe #fashiontips #fashion101 #fashionhacks #capsuleclosetguide #outfitinspo #outfitinspiration #tryonwithme original sound - Mikayla

@miks_tiks Reply to @peanut1402  the key to a functional wardrobe is having good basics that are cohesive with each other!!!!!!!! #fashiontrends #2022fashiontrends #staplepieces #capsulewardrobe #capsulecloset #capsulewardrobestyle #capsulewardrobetips #functionalwardrobe #fashiontips #fashion101 #fashionhacks #capsuleclosetguide Love You So - The King Khan & BBQ Show



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: