Потресна исповед на млада девојка: Дознала дека постарата сестра всушност и е мајка

Потресна исповед на млада девојка: Дознала дека постарата сестра всушност и е мајка

Објавена во: Живот // Живот

Лу објасни дека нејзиното семејство живеело во Полска во 90 - тите години на минатиот век, која тогаш екстремно конзервативна држава, па нејзините баби и дедовци ја криеле бременоста на нивната ќерка тинејџерка.

Девојката Керол Лу реши да сподели шокантна животна приказна во јавноста. Таа сними неколку видеа на ТикТок во кои откри дека девојчето за кое цел живот мислела дека е нејзината постара сестра, всушност е нејзината мајка, додека нејзините родители биле баба ѝ и дедо ѝ.

На неколкуте видеа кои биле прегледани повеќе од 3 милиони пати, Лу раскажала дека нејзините родители работеле многу напорно во текот на нејзиното детство, па нејзините постари браќа и сестри се грижеле за неа, но најмногу сестра ѝ која во тоа време имала 16 години.

„Никогаш не бевме многу богати, па кога на 13 години на родителите им реков дека сакам професионална камера, тие ми одговорија ќе треба сама да заработам за тоа. Сестра ми го праша тогашното момче дали може да ми даде работа на неговата фарма. Одреден период работев таму, а потоа една вечер ми се јави нејзиното поранешно момче и ми кажа дека ќе ми открие тајна што ќе ми го промени животот за 180 степени. Дури и додека тој самиот не го изговори тоа, имав претчувство што ќе каже - мојата постара сестра, ми е всушност мајка“ - раскажува таа.

Лу објасни дека нејзиното семејство живеело во Полска во 90 -тите години на минатиот век, која тогаш била екстремно конзервативна држава, па нејзините баба и дедо ја криеле бременоста на нивната ќерка тинејџерка за да ја заштитат од осудите на општеството. Таа исто така раскажува како започнала да поврзува некои работи од своето детство што укажувале на тоа дека оваа приказна е вистинита.

„Еднаш имавме медицински преглед на училиште, а мене ме носеше вистинска мајка, која тогаш за мене беше постара сестра. На моите документи го пишуваше моето име, презиме и под името на родителите беше нејзиното. Кога ја прашав зошто е тоа така, ми кажа дека веројатно имало некоја грешка.“

Карол планирала да скрие од семејството дека ја знае вистината затоа што сакала да види колку долго ќе ја лажат, но по само неколку недели им признала на својата сестра или мајка дека знае сè. Иако оваа тема, како што вели таа, е чувствителна за семејството, тие одлучиле да продолжат понатаму и да не дозволуваат тоа да влијае на нивната врска, пренесува UNILAD.

Девојката многу брзо ги избриша видеата од мрежата на ТикТок и тие веќе ги нема никаде, а причината за тоа е непозната.

фото: karollu_/TikTok

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: