Потврдено е - Кајли е бремена: Обожавателите сега се уверени дека случајно го отрила полот на бебето

Потврдено е - Кајли е бремена: Обожавателите сега се уверени дека случајно го отрила полот на бебето

Објавена во: Совети // Семејство

Што ќе добие Сторми - брат или сестра?

Некои луѓе кои ја следат Кајли Џенер се вистински детективи, бидјеќи успеаја од некои мали детали, кои другите никогаш не би ги забележале, да сфатат што се случува. По маникирот на фотографиите кои ги објавува на Инстаграм сфатија дека е бремена. Не е типично за Кајли да има ист маникир подолг период, а во последно време на фотографиите секогаш има ист. Зошто? Затоа што не сака да објавува нови фотографии, за да не се открие дека е бремена. Како и со првата бременост, Кајли и овој пат се повлече од очите на јавноста и ја намали активноста на социјалните мрежи. Сепак, низ објавите кои ги споделуваше, обожавателите дојдоа до еден заклучок - се претпоставува дека случајно го открила полот на бебето. Ако може да им се верува на оние кои се често во право, Сторми ќе добие брат.

За сево ова е виновна една објава. Кога Кајли вчера ја објави сторми додека позира во описот напиша „најдрагата девојка“ и стави сино срце. Синото срце е показател зошто се претпоставува дека ќе добие брат, а има и смисла поради описот. Бидејќи, зошто Кајли би напишала дека Сторми ѝ е најдрага девојка, ако таа добие сестра, ниту една мајка не може да се одлучи кое дете ѝ е најдраго.

Сите се уверени дека тоа е тоа, 100 проценти се сигурни дека Кајли овој пат носи момче. Едвај чекаме да дознаеме какво име смисли овој пат.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: