Потврдено: Одењето на концерт еднаш во две недели може да ти додаде 9 години живот
Скоро сите сакаат да одат на добар концерт. Без оглед на тоа дали го слушате Ед Ширан или пак Каролина Гочева, изгледа дека луѓето на концертите секогаш добро се забавуваат.
За наведеното тврдење постои добра причина - концертите се социјални настани на кои можеш да запознаеш и да се дружиш со нови личности кои имаат сличен музички вкус, како и ти. До крајот на концертот, музика сигурно ќе ти оѕвонува во уши и можеби малку ќе се опуштиш со некој пијалок, но голема е веројатноста дека одлично ќе се забавуваш.
Чувството на адреналин, кое го имаш кога се наоѓаш помеѓу многу луѓе, всушност е многу здраво. Во едно истражување, научниците дознале дека не само што ве прави среќни одењето на концерт, туку постои и можност тоа да те направи поздрава личност и да ти го продолжи животниот век.
Имено, истражувањето кое го правел бихевиоралниот психолог Патрик Фаган од Универзитетот Goldsmith покажало дека само 20 минути следење на некој музички настап во живо го зголемува чувството на среќа за 21%, а редовното одење на концерти го продолжува животот за дури девет години.
Освен адреналинот и чувстството на задоволство поради концертот, истражувањето покажало и дека одењето на концерт може да го зголеми чувството на сопствена вредност за 25%, а менталната стимулација за време на посетата на концерт расте за дури 75%.
Според ова истражување, постои позитивна корелација помеѓу честите посети на концертите и чувството на среќа. Според нив, музиката поттикнува чувство на задоволство со самиот себе, те поврзува со други личности што се на концерт и ти ја стимулира мозочната активност на начин за да се чувствуваш добро.
Затоа немој да чекаш, уште денес купи карта за некој концерт и забавувај се!