Потврдија дека се разделуваат, а сега се појавија заедно во јавност: Шакира и Пике во Чешка

Потврдија дека се разделуваат, а сега се појавија заедно во јавност: Шакира и Пике во Чешка

Објавена во: Совети // Семејство

Двајцата се видени во град во Чешка.

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике се појавија заедно за прв пат по објавувањето на раскинувањето во чешки град, за да му дадат поддршка на синот кој се натпреварува на бејзбол турнир.

Осумгодишниот Милан е дел од каталонскиот тим кој го освои 4-то место на турнирот, а мама и тато дојдоа специјално да присуствуваат на овој настан и да го поддржат својот наследник. Сепак, како што јавуваат медиумите тие се држеле на дистанца и избегнувале контакт.


-Во моментов не се многу пријателски расположени, но во контакт се заради децата - пишува шпанскиот весник El Peridico.
Тие двајца се заедно од 2011 година, а се запознале на снимањето на спотот за нејзината песна Waka Waka во 2010 година. Тие не стапија во брак, но плод на нивната љубов се синовите Милан и Саша.

Тие минатата недела ја потврдија разделбата.
- За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето.

Оваа вест шокираше многу фанови, а како што пишуваат шпанските медиуми тие раскинуваат затоа што Пике ја изневерил со плејбој зајачицата Сузи Кортез.


извор:GLOSSY

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: