Поучна исповед на млада девојка: 'Го изневерив секое момче со кое бев во врска'
На Интернет постои толку статии за тоа дека изневерувањето е најлошото нешто што може да се случи во врска и како после него едноставно „нема враќање назад“. Ова е една приказна за изневерувањата.
Исто така залудно не викаат дека, кој еднаш ќе изневери, повторно ќе го направи истото... Што кога изневерувањето ќе стане навика? Оваа девојка одлучи да ја сподели својата приказна за тоа како започнала да изневерува.
„Имам 25 години и моето име е... всушност, не е ни важно како се викам. Она што е важно и што сакам да го споделам со вас е фактот дека во последните 9 години, откако започнав да имам врски, не сум преживеала ниту една без изневерување. За жал, секогаш јас сум таа која изневерува и која на крајот секогаш предизвикува прекинување на врската.
До сега 4 пати сум била во врска (од неколку месеци до максимално три години). Не можам да кажам ми било лошо во врските или дека партнерите не се трудеа доволно. Напротив, се беше спротивно. На прв поглед се беше идилично. Тие се трудеа околу мене, јас многу брзо 'паѓав' на слатките зборови и така преку ноќ ми се менуваше љубовниот статус.
За секое свое момче првите неколку месеци сметав дека 'тоа е тоа', а потоа како да ми удираше шлаканица бранот животна монотонија, поради што во мене се раѓаше идеа за нови авантури и предизвици.
Како и да излезев, со поглед барам некоја 'подобра шанса' за себе. Некој нов кој ќе се труди околу мене како што моето сегашно момче се трудеше на почетокот. Ноќните излегувања со пријателките ги практикував почесто, отколку романтичните вечери со партнерот и некако секогаш ќе се појави некој нов кој ќе ми се допадне.
Ќе започнев да се допишувам со новата личност, па потоа ќе отидев на состанок, бакнеш, а неретко и нешто повеќе. И така ќе дојдеше до изневерување, кое без многу колебање ќе му го признаев на моето момче, не трудејќи се да останеме во врска и да работиме на неа...
И така со години се вртев во круг со сопствените грешки, додека не сфатив дека ваквиот начин на (љубовен) живот нема никаква смисла. Бидејќи не бев фер ниту кон другите, а ниту кон себе.
Веќе некое време посетувам психолог што ме доведе до неколку заклучоци како овој дека едноставно не сум зрела за сериозна врска. Но, од друга страна, нема се уште доволно самодоверба и верба во себе за да бидам сама и среќна.
Кога ќе успеам да се засакам себе ќе бидам способна да сакам и некој друг. Го знам тоа, свесна сум. Но за почеток одлучив да поработам на себе и да го поправам своето однесување, бидејќи кога ќе погледнам кон она што сум им го правела на другите и дека тоа влијаело на сите, знае да ми биде многу тешко.
Вистина е она што го велат. Изневерувањето може преку ноќ да сруши се што си градел со години.
А всушност е многу едноставно. Доколку си во врска, немој да изневеруваш. Доколку изневеруваш, немој да бидеш во врска.“