Повеќе не кријат дека се заедно: Момчето на Ријана потврди дека се во врска

Повеќе не кријат дека се заедно: Момчето на Ријана потврди дека се во врска

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Популарниот американски рапер АСАП Роки изјави дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“ и потврди дека се во љубовна врска.

„Вреди како милион други. Кога знаете, тогаш знаете. Таа е вистинската“ - кажа раперот во интервју за американските медиуми.

Гласините за нивниот љубовен однос се појавија уште во 2013 година, кога раперот беше со пејачката на нејзината турнеја „Diamond World Tour“. Кога ја започнале љубовната врска, Ријана и Роки постојано се трудиа да не се експонираат јавно, но сега сепак ја потврдија врската.

Раперот кажа дека неговата девојка имала големо влијание на неговиот нов албум.

Инаку, вистинското име на раперот е Раким Мајерс, а во 2019 година беше осуден за напад за време на тепачка во Стокхлом, за што доби двегодишна условна казна.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: