Повеќе не можела да издржи: Бремената Анастасија ја напушти Севиља - не ни блиску до Србија (ФОТО)
Анастасија ја напушти Севиља...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивното прво дете. Времето го поминуваат во Севиља, каде фудбалерот е посветен на деловните обврски, додека пејачката ужива во нивната раскошна вила.
Се зборуваше дека пејачката не може да ја напушти Шпанија за да може да добие државјанство на Шпанија, но, таа сепак го направи тоа. Имено, таа на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа дека ја напуштила Севиља. Ражнатовиќ моментално е во Торино, Италија, каде ужива во одморот.
Но, не е познато дали добила документи или правилото за добивање на државјанство во Шпанија сепак е малку поинакво, и дека е дозволено да се напушти државата, но не и Европската унија.
Во случај Анастасија да добила државјанство нема сомнеж дека за неколку дена ќе долета и во Србија, бидејќи едвај чека да го види својот внук - малиот Крстан.
фото: Принтскрин / Инстаграм