Повеќе од 40.000 лајкови, ерупција од емоции: Северина го разнежни Балканот со фотки до семејниот одмор
Пејачката Северина често со следбениците на Инстаграм споделува моменти од приватниот живот, па така сега ни покажа дека со пријателката Соња Дворник и синот Александар отпатувала на Малдивите, на заслужен одмор.
Северина Вучковиќ веќе објави фотографии од тропскиот рај, преку кои ни покажа колку добро изгледа, а овој пат со една посебна објава ги разнежни следбениците на Инстаграм.
На споменатата фотографија, Севе позира прегрнувајќи го својот син, а во описот напиша: „Те чувам, љубов мала, те слушам додека дишеш и кога не си тука“.
Оваа објава за само неколку часа собра повеќе од 40.000 лајкови и безброј коментари.
За потсетување, во август минатата година судот ѝ го врати синот на Северина, односно беше одлучено дена таа и нејзиниот поранешен сопруг, Милан Поповиќ ќе имаат заедничко старателство над детето и така Александар половина од времето го поминува со татко му, а половина со мајка му.