Повеќе од еден милион прегледи за еден ден: Бресквица го објави дуетот со МС Стојан

Повеќе од еден милион прегледи за еден ден: Бресквица го објави дуетот со МС Стојан

Објавена во: Stars // Музика

Песната „Живот си мој“ е прв дует на Бресквица по крајот на врската и соработката со пејачот Михајло Веруовиќ - Војаж...

Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица и Марко Стојковиќ - МС Стојан, ја објавија својата заедничка песна под назив „Живот си мој“.

Музиката на песната ја направил самиот пејач со Драган Арсенијевиќ, а текстот Арсенијевиќ го правел со Алекса Шолаја. Видео записот е направен во продукција на куќата „Toxic“, а е снимен во Будемпешта.

Дуетот за само еден ден има скоро 1.4 милиони прегледи.


Инаку, песната „Живот си мој“ е прв дует на Бресквица по крајот на врската и соработката со пејачот Михајло Веруовиќ - Војаж. Бресквица на естрадната сцена стана позната по континуираните дуети со тогашното момче Војаж.

По крајот на врската Бресквица и Војаж продолжија со соло кариери. Во едно неодамнешно интервју за српските медиуми, Брексвица откри дека има ново момче кое ѝ помага во кариерата. 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: