Повлечете налево за да видите колку е згоден мојот дечко: Деми Ловато го покажа нејзиното ново момче (ФОТО)
Американската пејачка Деми Ловато за прв пат јавно го нарече музичарот Јутес нејзино момче откако во неделата присуствуваше на премиерата на „The Walking Dead Live: The Finale Event“ во Лос Анџелес.
Имено, Деми на својот Инстаграм напиша: „Повлечете налево за да видите колку е згоден мојот дечко“. Нејзиното момче веднаш одговори: „Не треба да повлекувате за да видите колку е секси мојата девојка“.
И додека Јутес (вистинско име Џордан Лутс) беше со Деми во театарот Орфеум, тие не се појавија како пар на црвениот тепих во чест на долготрајната зомби-драма на AMC.
Инаку, Деми на 8 август за Пипл за прв пат потврди дека е во „здрава и среќна врска“ со Јутес, но се шпекулира дека тие се во врска од јануари. Јутес ѝ помогна на Деми да ги напише „Skeen Of My Teeth“, „Substance“, „Happy Ending“ и „City of Angels“, песни од нејзиниот осми студиски албум „Holy Fvck“, кој беше објавен на 19 август.