Повторно е во центарот на вниманието: Кајли Џенер ги отследи своите пријатели на Инстаграм
Кајли Џенер е една од најпознатите познати личности на Инстаграм и не мора да споменуваме колку вреди нејзиното следење. Сепак, Кајли деновиве отследи голем број нејзини блиски пријатели. Некои од нив се Софија Ричи и Фаи Кадра кои често можеше да се видат на фотографиите кои Кајли ги споделува на нејзиниот профил на Инстаграм.
Кајли моментално престојува во одморалиште во Аспен, а интересно е што со неа е Фаи Хадра, која ја отследи на Инстаграм. Покрај неа, Кајли ги отследи и Росалија, Хари Хадсон и Ариел Техада, како и многу други имиња. Таа во моментов следи околу 30 профили.
Софија Ричи беше во врска со Скот Дисик, кој претходно беше со сестрата на Кајли, Кортни Кардашијан. Сепак, летото беше објавено дека Софија и Скот раскинале, овој пат засекогаш. Интересно, Кајли сè уште го следи Скот, но не и својата пријателка.
Непознат извор за „Hollywood Reporter“ изјавил дека Кајли не сака да се меша во врската меѓу Софија и Скот. „Таа ги сака и двајцата и верува дека не треба да се меша во нивната врска“.
Кајли сè уште следи неколку профили на обожаватели, нејзиното семејство и неколку пријатели. На никому не му е јасно што довело до оваа ненадејна одлука, за таа да ги отследи повеќето свои пријатели затоа што нема гласини за крај на пријателството. Странските медиуми оваа ситуација ја нарекоа драма „Пролетно чистење на Кајли“, но сè уште нема официјално објаснување.
Секако, постои можност Кајли со ваковиот чекор да посакала публицитет по фијаското со средствата за дезинфекција, во кое беше обвинета дека сака да профитира од пандемијата.
Таа е петта најследена личност на Инстаграм, милијардер кој има се што сака, па затоа навистина не ни е јасно што сака.
Изгледа дека целата ситуација ќе остане мистерија бидејќи има малку шанси самата Кајли да се огласи и да ја разјасни ситуацијата. Треба да се напомене дека таа од својот профил ги нема тргнато фотографиите од своите пријатели и луѓе кои повеќе не ги следи.