Повторно ги „уловија“ заедно: Анџелина Џоли и The Weekns уживаа на приватен концерт

Повторно ги „уловија“ заедно: Анџелина Џоли и The Weekns уживаа на приватен концерт

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Актерката Анџелина Џоли (46) сè уште поради поранешниот сопруг Бред Пит (57) редовно оди на суд, а нивниот развод трае уште од 2016 година. Сепак, некои сметаат дека Анџелина конечно ја пронашла својата љубов.

Порано оваа година Џоли беше видена како влегува во зградата на својот поранешен сопруг Џони Ли Милер (48) и се појавија сомнежи дека тие двајца ја обновиле врската. Новите гласини за љубовниот живот на Анџелина започнаа да кружат кон крајот на јуни, кога таа и пејачот Абел Маконен Тесфај (31), односно The Weeknd заедно беа на вечера во луксузен хотел.

Наводно вечерата била од деловен тип и зборувале за тоа пејачот да започне филмска кариера во Холивуд.

„Тие се само пријатели, но кој знае, би можело да има и нешто повеќе во иднина. Тој не крие дека Анџелина му се допаѓа веќе долго време“ - кажа упатениот извор за „The Sun“.

Сега двојката е повторно видена на приватен концерт во Лос Анџелес, наведува Инстаграм профилот „Deuxmoi“.

Одвоените фотографии од актерката и пејачот се појавија и на неофицијален Твитер профил, кој известува за најновите вести поврзани со ѕвездите.

Дали е случајност тоа што се појавиле на ист приватен настан или станува збор за нова романса на видик, останува да видиме.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: