Повторно го налути светот: Кајли Џенер со последното однесување на разгалена богаташка направи хаос на Инстаграм (ФОТО)

Повторно го налути светот: Кајли Џенер со последното однесување на разгалена богаташка направи хаос на Инстаграм (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Грета Тунберг ќе биде многу лута на Кајли Џенер кога ќе го дознае ова!

Кајли Џенер изгледа не се грижи за никој друг освен за самата себе. Барем така делува по нејзиното последно однесување. Прилично ги налути луѓето со последната објава на Инстаграм и со потегот кој следуваше.

Кој би кажал дека една објава на Инстаграм може да отвори толкава дебата. И тоа објава на Кајли Џенер. Се пофали дека таа и нејзиниот сакан, Тревис, имаат приватни авиони и објави фотка со натпис: „Да го земеме мојот или твојот?“.

Иако на прв поглед сѐ изгледа супер и слатко, сепак многу луѓе ја нападнаа. Да останело сѐ на фотографијата, би изгледало како да се фалат со своето богатство, но од одруга страна и нивно право, зошто не би го правеле тоа? Она што е проблематично во оваа ситуација е моментот кога луѓето дознале како ги користат тие свои приватни авиони.

Изгледа дека ни им се вози со автомобил ниту кога дестинацијата е во близина, бидејќи е полесно и побрзо да пристигнат со авион. И така, Кајли Џенер, својот приватен авион го користи за триминутно возење! Инаку, доколку патувала со автомобил, возењето би траело 40-тина минути.


Сето ова би било во ред, доколку светот не се бори со последиците од климатските промени. Изгледа дека сѐ повеќе луѓе сериозно го сфаќаат овој проблем, особено сега кога летните температури почнаа да достигаат луди висини, какви што не е обичај. Летовите согоруваат многу гориво додека се во воздухот и испуштаат јаглерод диоксид, кој припомага при глобалното затопловуње, пишува „Tyla“. Иако не е 100 проценти сигурно дали Кајли била на тој лет од 3 минути, забележано е дека нејзиниот приватен авион е во прашање. И тоа не е единствен пат дека е користен за толку мала оддалеченост. Веќе многу пати беше потврдено дека го користела за патувања од 15 минути. Луѓето се многу лути и во последните денови е мета на критики, повеќе отколку било кога во последно време.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: