Повторно ќе биде ин оваа зима: Во 90 - тите жените беа луди по фризурата на Џенифер Анистон
Фризурата на Рејчел се враќа во мода...
Дали се сеќавате на фризурата што ја носеше Рејчел од серијата „Пријатели“? Токму таквата, слоевита и скалеста/степенеста фризура полека повторно станува водечки тренд. Без сомнение, сè поголем број жени ќе носат вака стилизирана коса.
Фризурата што ја прослави Џенифер Анистон ќе биде многу барана во текот на зимата, сигурни се фризерите. Она што е одлично е што одговара на секоја форма на лице и додава младешки ноти. Стилистите ја објаснуваат повторната популарност на оваа фризура со фактот дека сега сè повеќе жени сакаат фризура што е лесна за одржување и не бара чести посети на фризер, и токму оваа фризура е тоа.
фото:instagram
Ако сакате да направите промена, тогаш оваа фризура е полн погодок.
Сите должини се во тренд, она што е важно е косата да се исече што е можно послоевито.