Повторно промени: Фејсбук го укинува системот за препознавање лица, повеќе нема да има лесно означување
Фејсбук објави дека го укинува својот систем на препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, а како причина ја наведе растечката загриженост поради користењето на такви технологии.
„Регулаторите уште се во процес на давање јасни правила кои ја регулираат употребата на технологијата“ - напиша во блогот Џером Песенти, потпоретседателот на Фејсбук, задолжен за вештачката интелигенција, пренесува „Hina“.
„Среде овие постојани неизвесности, веруваме дека ограничувањето на употребата на препознавање лица на потесен круг случаи е прикладно“ - додаде Песенти.
Фејсбук, кој минатата недела се преименува во „Meta Platforms“, наведе дека повеќе од една третина активни корисници дневно ја вклучуваат опцијата препознавање на лица, а промената сега ќе ги избрише шаблоните за препознавање на лицата на повеќе од милијарда луѓе.
Остранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември, кажа потпаролот на Фејсбук.
Фејсбук додаде дека неговата алатка која создава опис на фотографиите за оние кои гледаат послабо повеќе нема да ги вклучува имињата на претпознатливите личности на фотографиите по отстранувањето, но дека инаку ќе функционира нормално.
Отстранувањето на препознавање на лицата доаѓа откако најголемата социјална мрежа на светот, но и целата технолошка индустрија, се соочи со предупредувања и критики дека таа технологија би можела лажно да ги идентификува луѓето како учесници на злосторства или предност да им даде на белите лица во однос на другите раси.
Фејсбук исто така е под интензивен надзор на регуларот и законодавачот поради безбедноста на корисниците и широкиот спектар злоупотреби на својата платформа.