Повторување на знаењето од дома: „Бушава азбука“ се враќа на ТВ екраните
Емисијата за деца, која во 90 - тите беше апсолутен хит повторно се враќа на ТВ екраните. Причината за истото е распустот кој Владата им го даде на учениците, како една од мерките за заштита од коронавирусот.
Оваа вест на својот Фејсбук профил ја сподели режисерот Слободан Унковски, кој напиша:
„Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативната серија за деца во 31 епизода... Малку да помогнеме во пополнувањето на времето кога не се оди во школо“.
Инаку, емисијата е веќе ставена на програмата на МТВ1 и ќе се емитува од понеделник во термините 11:25 и 16:30.