Поза која ја прави денес: Водителката Милена како дете
Познатата ТВ водителка Милена Антовска во едно интервју за нашиот портал, откри интересни детали од нејзиното детство и тинејџерски денови.
„Во принцип не сум многу променета од тогаш. Се’ уште сум ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива. Сега сум малку посталожена, што е нормално заради мајчинството, но како и да е детето во мене живее.“ - своевремено ни откри таа.
Милена денес е мајка на едно прекрасно девојче по име Лана Марија, на кое и ги пренесува советите од нејзините родители. Често знае да сподели фотографии или видеа од нивните дружби, но овојпат направи нешто поразлично.
Имено, познатата водителка сподели фотографија од детските денови. „Мала јас“ - напиша покрај фотографијата на која позира со главата нагоре, а оваа поза и денес знае да примени на некоја од фотографиите кои ги објавува.