ПОЖАР ВО ГРЦИЈА: Оганот зафати едно од омилените летувалишта
Силните ветрови кои дуваа во северните делови на Грција, ја отежнаа работата на пожарникарите кои се борат против пожарот на отворено.
Два пожари дивеат на Пелепонез, еден е близу Епидаурус, а еден и на островот Евија.
Огнената стихија го зафати и Халкидики, јавува „Катимерини“.
Противпожарните служби велат дека сега се концентрирани на шумскиот пожар кој вчера изби во градот Коринт.
Властите ги предупредија жителите на селото Рито, 21 километар од Коринта, веднаш да се евакуираат на море.