Пози за селфи кои можеш да ги ископираш од Венсдеј Адамс: Некои од овие 4 ќе ти послужат за следната фотка (ВИДЕО)
Сите се заразија со оваа серија...
Откако пристигна серијата на Нетфликс, сите се луди за Венсдеј. Џена Ортега многу добро го долови овој лик и го направи мега популарен. На социјалните мрежи постојано може да се најдат објави поврзани за оваа серија, а сега и твојот Инстаграм профил може да биде во оваа тема.
Облека во стилот кој што го носи таа, танцот кој го танцува, серијата општо... Венсдеј Адамс е популарно повеќе од било кога. Завладеа на социјалните мрежи! Доколку уште се имаш приклучено на овој тренд, време е. Секако треба да ја погледнеш серијата, бидејќи е одлична, а откако ќе се заљубиш и ти во овој лик, може да позираш исто како него. Џена Ортега, актерката која го донесе ликот на Венсдеј, сигурно не ни сонувала дека ќе стане толку популарна.
Една девојка ги ископира позите кои можеш да ги искористиш за селфињата кои ќе ги правиш, а кои ќе бидат во оваа тема. Некои се апсолутно како Венсдеј, а некои ги сака и Џена. Не мораш да танцуваш или да се облечеш како неа за да се пликлучиш во трендот, едноставно можеш да ископираш некоја од позите за селфи - не може да биде поедноставно. Сите кои ја гледале серијата ќе им биде јасно поврзувањето кога ќе ги видат твоите фотки.
@nikiivictoria my whole fyp rn is Wednesday #jennaortega #wednesday #poseideas original sound - main account got banned
Многумина од нас го имаат тој проблем - едноставно не знаат што да направат со рацете или нозете кога се фотографираат и затоа предлозите за пози се нешто што секогаш добро ни доаѓа. Нема во секоја ситуација да се чувствуваш удобно и затоа е добро да ги испробаш и тестираш сите и да ги одбереш оние на кои најдобро излегуваш. Наместо секогаш да бидеш во иста поза и секоја фотка да ти изгледа исто, сега можеш да ги испробаш овие 4.
фото: Принтскрин / Imdb